НА ИНТЕРНЕТ КРУЖИ СМЕТКАТА ЗА ИЗНАЈМЕНА ЛЕЖАЛКА ВО ЦРНА ГОРА, ЕДНА ДОСТИГНА ЦЕНА ДУРИ ДО 25 ЕВРА! (ФОТО)

Последниот бран поскапувања нè натера да се запрашаме дали ќе успееме да си обезбедиме некои од основните животни потреби, а оние “најхрабрите” – кои годинава планираат да одат на море, но веќе се знае дека таму ги чека баснословна ценовна ситуација.

Откако неодамна беше издадена сметка од Далмација, поточно од Сплит, каде туристите плаќаа дури 94 хрватски куни ( околу 12 евра) за две кафиња и едно шише ароматизирана вода на најпознатата плажа, сега е јасно дека во Црна Гора, која се сметаше за “поевтина” опција, ситуацијата не е премногу различна.

Иако овој пат не се работи за кафе, туку за изнајмување лежалки, се чини дека годинава ќе може да бираат само оние од нас кои ќе имаат подлабок џеб.

Имено, на фотографијата што ја сподели страницата “Podgorički vremeplov” се гледа фисклална смтка со цена од 25 евра за изнајмување лежалка во Петровац.

Цените на лежалките во Петровац годинава варираат од 15 до 25 евра, напишаа во описот на фотографијата, додека под неа реакциите не запираа.

Многумина се согласија дека цената е преголема и дека е “поевтино да се земе стан”, а иако не можеме да кажеме дали ситуацијата е повеќе за смеење или за плачење, други сепак решија да се пошегуваат прашувајќи се дали лежалките треба “да се земат со себе” или, пак “сами се преместуваат под сенка.”

Се на се, глетката не ги воодушеви оние кои планираат одмор.

Инаку, Петровец е гратче во живописен залив, а од Будва е оддалечен само 17 километри. Иако не е толку голем како другите “популарни” места во Црна Гора, многумина го предложуваат за мирен семеен одмор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.