На Косово запленети 16,5 тони чоколади со поминат рок

Косовската царина спречила влез на значителна количина прехранбена стока со поминат рок на царинската испостава во Митровица.

Пратката содржела чоколади увезени од Швајцарија, со нето маса од 16.500 кг, за кои при редовниот процес на царинска контрола било откриено дека се со изминат рок.

Веднаш по утврдувањето на проблемот, Царината ја известила Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошен увид на производот, како и обвинителот на случајот за натамошно законско постапување за случајот.

Спречувањето на опасните производи да влезат на пазарот е постојан приоритет на косовската царина, која тесно соработува со релевантните институции за да го гарантира квалитетот и безбедноста на стоките што се увезуваат во земјата.

„Овој случај служи како потсетување до сите увозници да ги почитуваат прописите и стандардите за безбедност на храната, а граѓаните се повикуваат да бидат внимателни и да пријават секое сомневање за истечен рок или опасни производи на пазарот“, се вели во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи: