Неодамна Марина Туцаковиќ, познат српски текстописец, и откри на јавноста дека битката со канцерот се уште не е готова.
Имено на Марина ракот на дојката и беше дијагностициран во февруари 2018 година и се уште прима терапија. Хемотерапијата е во тек, а бидејќи се работи за лекување кое го уништува имунолошкиот систем речиси секој ден прима инфузија.
“После хемотерапијата ми е лошо, имам мачнини и вртоглавици, затоа во инфузијата примам одредена комбинација на витамини кои многу ми помагаат брзо да се опоравам и да си ја вратам силата“, вели Марина за српските медиуми, за потоа да открие дека силата и волјата никогаш не ја напуштиле, и дека се надева на најдоброто.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.