На мајка ѝ се заканува затвор, зашто го пуштила 10 годишниот син сам да се прошета

Британи Патерсон ја раскажала својата приказна за американските медиуми и рече дека моментално се бори против обвинението за несовесно однесување, поради што може да биде осудена на затворска казна до една година.

Како што рече Британи, нејзиниот син Сорен ја напуштил семејната куќа во Минерал Блаф, Џорџија и отишол во градот, пешачејќи речиси една милја. За тоа време го однела другото дете на лекар.

Мајката била известена дека нејзиниот син ја напуштил куќата кога шерифот ѝ се јавил и ја известил дека Сорен е со нив, пишува People.

„Тоа не е опасен дел од патот. Не се плашев за него, ниту се плашев за неговата безбедност“, изјави Патерсон за NBC news.

Полицајците го донеле Сорен дома, а набрзо се вратиле и ѝ ставиле лисици на неговата мајка.

Британи изјави за Business Insider дека по апсењето била одведена во затвор пред нејзиниот син, каде што морала да се пресоблече во портокалов комбинезон.

Записите од затворот во округот Фанин покажуваат дека Патерсон била уапсена и подоцна ослободена на 30 октомври со кауција од 500 долари.

Според медиумите, повикувајќи се на Патерсон, властите ја поканиле да потпише безбедносен план, со кој би се барало да се погрижи нејзините деца да бидат под постојан надзор.

Таа изјавила за NBC дека нема да се согласи со ова и ќе се бори против обвинението.

„Ова не е во ред, ништо не згрешив. Ќе се борам за тоа“, рекла мајката.

Пронајдете не на следниве мрежи: