На Наташа Беквалац ѝ се слошило на настап во Црна Гора, па завршила во болница

На познатата пејачка, Наташа Беквалац наеднаш ѝ се слошило за време на нејзиниот последен настап во рамките на турнејата низ Црногорското приморје, пренесуваат српските медиуми. Беквалац заврши во болница, а неколку часа по примањето на инфузијата, лекарите ја советувале да води грижа за себе и своето здравје.
– Имаше концерти неколку дена по ред. Последниот настап го имаше во Игало. Беше фантастично, но кога се врати во Рафаиловиќи заради премореност колабирилаше и заврши на инфузија, вели извор за “Свет“ и додава:
– По инфузијата докторот ја советуваше да се одмора, да ја сними главата и да направи анализи за крвта. Потоа таа купи билет за Белград и се врати порано од планираното. Додека ги чека резултатите од лабораторија Наташа е во Нови Сад, открива изворот.
Од нејзиниот пиар-тим ги потврдија информациите за влошената состојба на Беквалац. Пејачката сега се чувствува добро и подготвена е да се врати во Црна Гора, каде што треба да продолжи со настапите.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.