За време на натпреварот од 25.коло во националниот шампионат на Боливија меѓу екипите на “Олвејс Реди“ и “Петролеро“ (5:0) починал судијата Виктор Хуртадо.
Трагедијата се случи во второто полувреме кога срцето на 32-годишниот судијата престанало да работи, јавуваат тамошните медиуми. Лекарите од двете екипи се обиделе да му помогнат, по што бил испратен во болница. Но ниту лекарите во болницата не можеле да го спасат судијата.
Објавено е дека лекарите на стадионот успеале да го реанимираат Хуртадо, меѓутоа во болницата тој повторно имал срцев удар, по кој починал. (МИА)