На најдлабоката точка на Земјата пронашле нешто што ги збуни сите! Што крие Маријанскиот Ров?!

Нов вирус е пронајден во Маријанскиот Ров во Тихиот Океан, најдлабоката точка на површината на Земјата, на длабочина од 8.900 метри.

Нов вирус е откриен на најголемата длабочина досега во океаните на Земјата. Вирусот наречен „vB_HmeY_H4907“ спаѓа во категоријата бактериофаги, кои инфицираат и се реплицираат внатре во бактериите, пренесува Sky News.

На најдлабоката точка на Земјата пронашле нешто што ги збуни сите! Што крие Маријанскиот Ров?!

Се верува дека тие се најзастапените форми на живот на планетата и играат клучна улога во екологијата на океаните, помагајќи да се регулира големината на подводната популација и да се испуштаат хранливи материи.

Ровот Маријана, кој е длабок речиси 11.000 метри, е најниската точка на Пацификот.

  • Според нашите сознанија, ова е најдлабокиот познат изолиран фаг во светскиот океан – изјави Мин Ванг, морски вирусолог од кинескиот универзитет.

Според него, откритието би можело да поттикне понатамошно истражување на стратегиите за преживување на вирусот во некои од најтешките и најоддалечените средини на Земјата.

  • Екстремните средини нудат оптимални изгледи за откривање нови вируси – додаде тој.
    По геномската анализа на новиот вирус, кој не може да зарази луѓе, го доби името vB_HmeY_H4907.

Истражувачите веруваат дека овој вирус веројатно е широко распространет во океанот. Има слична структура со домаќините на бактериската халомонска група, кои често се наоѓаат во седименти и отвори слични на гејзер на морското дно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.