Алиса Хакер не можела ни да замисли што ќе ѝ се случи откако со синот отишла во голем маркет по набавка на основни продукти.
Имено, додека со количката се движела низ маркетот, нејзиниот син Овен на полиците здогледал 3 кадифени диносауруси. Не можел да одлучи кој сака да го земе, па во количката ги ставил сите три.
„Одеднаш поздрави еден постар маж што помина покрај нас“, ја почнуваат нејзината приказна на Фејсбук страницата „Her View From Home“, која е омилена меѓу мајките ширум светот.
Мажот се завртел и му возврател на поздравот на Овен, па почнал да си игра со неговите диносауруси.
„Живееме во луд свет и бев по малку загрижена поради таа блискост. Потоа го извади паричникот и стави 20 долари во џебот на маичката на Овен“, продолжила мајката која била скршена после она што се случило.
„Ми рече: ‘Минатата недела го загубив својот 2-годишен внук. Земи ги парите и купи му ги сите три диносауруси.’ Потоа го погали по грбот, ги избриша солзите и излета“, раскажала Хакер.