На Павле Трајанов му текна: Над 90% од јавните набавки се наместени

СДСМ и ДУИ се единствени, не сакаат реформа, не сакаат независна институција која ќе е резистентна на партиски и бизнис, коруптивни влијанија. Ќе биде самостојна. Подготвивме закон против тешките облици за организиран криминал и корупција, консултиравме експерти и чекаме сега реконструкцијата и ќе го доставиме, очекуваме расправа затоа што јасно ќе се види која од партиите е вистински за борба против корупција или декларативно, изјави за „За или против“ на Алфа, лидерот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов.

Според него над 90% од јавните набавки, и тоа станува збор за милионски суми се наместени.

– Претходно ќе се најде кој ќе го добие тендерот, тој го подготвува и формално се распишува тендер, во суштина сите се наместени. Сам Буџетот на државата не предмет на грабеж, овој народ не може да создаде толку колку што власта може да ограби, за било која власт, рече тој.

Трајанов додаде дека јавните претпријатија имаат сопствени буџети, општините исто, има инвестиции, фондови, имаме огромни милионски суми.

– Замислете ЕСМ само за неколку месеци над 300 милиони потроши за набавка на енергенси потребни за да функционира, посочи тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.