Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи наместо да послужи како пример за сите останати функционери во државата и во Владата, со службена кола доаѓа на партиски собир во партиски штаб во Скопје.
На фотографиите во продолжение можете да го видите возилото „Шкода“ во сопственост на Владата на Република Македонија со регистарски таблички SK-4044-BL кое вицепремиерот го злоупотребува за партиски цели.
Како што можете да видите возилото е паркирано пред партиски штаб на Алијанса за Албанците во Скопје.
Возилото е пријавено во регистарот на службени возила на Државната комисија за спречување на корупција и е во сопственост на Службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ.
На состанокот, според извори на Инфомакс бил и директорот на Нафтени резерви, Неџмедин Садику, кој исто така дошол на состанокот со службено возило.
А и зошто би внимавале како ги искористуваат државните ресурси кога никој нема да се осмели да ги опомени, или уште помалку да ги разреши од фјункциите поради злоупотреба на државни ресурси за партиски цели. Цела Македонија ќе плаќа гориво и шофер за вицепремиерот што не знае македонски јазик и директорот да не трошат од свој џеб да одат на партиски состанок.
И за овој случај, како и за многу други би требало да реагира Државната комисија за спречување на корупцијата бидејќи и вицепремиерот и директорот злоупотребуваат државни ресурси за партиски цели. Вицепремиерот би требало да се опомени и сам себеси, бидејќи е задолжен за добро владеење и следење и спречување на вакви ситуации, освен ако заради непознавањето на македонскиот јазик не разбрал погрешно, па наместо да спречува поттикнува злоупотреба на државните ресурси.
Претходно сличен случај имаше и со спикерот Гаши кој со службено возило одеше на свадба во Косово, спикерот ја помина и границата без проверка на документите, а иста привилегија добија и неговите свадбари, но и за тој случај не реагираше ниту една институција.