Синоќа триесет и едногодишен скопјанец починал откако во него удрил воз додека се движел на пругата пред надвозникот на бул. “Србија” во Скопје, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.
Во СВР Скопје синоќа во 2 часот било пријавено дека на железничката пруга пред надвозникот на бул.“Србија“, воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје удрил во пешак Н.М. (31) од Скопје, кој починал.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.