На синот на Александра и Филип нема да му бидам баба“

Една од најголемите балкански ѕвезди порачува дека нема да биде баба на синот кој ќе го добијат Александра и Филип Живојиновиќ. Пејачката објасни дека така се нарекуваат жените кои се стари, а дека таа и нејзиниот сопруг Боба не се тоа.
Сопственичката на „Гранд“ истакнува дека сите во семејството се радуваат на приновата и нагласува дека на младата двојка ќе им омага да го одгледаат детето.


-Среќна сум шти јас и Боба ќе го добиеме првото внуче. Тоа ќе биде голема радост во семејството зошто сакаме деца, а посебно мали бебиња. Ние нема да бидеме баба и дедо, јас не го сакам тој пожртвуван однос кон жените. Постојат жени кои се баби бидејќи така изгледаат. Секогаш ќе помагам на нашите деца за се што треба, рече таа.
Во неколку наврати се пишуваше дека Брена не е во добри односи со Александра, на што таа вели:
-Таа како девојче учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“. Во нашата куќа доаѓаше многу пред да почне да се забавува со Филип. Дури ја носев со мене на настапи, имавме неверојатно добар однос. Подоцна подобро се запознавме и многу сме приврзани. Посебно ми е драга, бидејќи имам разбирање за некој што има 22 години. Секогаш ќе има голема поддршка од мене, професионално и приватно, истакнува Лепа Брена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.