Утрово тешко е повредена младата ТВ водителка Деа Ѓурѓевиќ откако автобус на Јавното сообраќајно претпријатие и ја откинал раката на местото каде нешто по шест часот се случила сообраќајна несреќа во која учествувал и автомобилот на водителката. Во тешкиот верижен судар учествувале два автобуса на јавниот превоз и три автомобила.
Како што информираат српските медиуми водителката на ТВ “Пинк“ Деа Ѓурѓевиќ во исклучително тешка состојба е пренесена на ВМА, затоа што на местото на несреќата останала без рака.
Првично автомобилот на водителката се судрил со друг автомобил и таа излегла надвор за со возачот на другиот автомобил да ја утврдат штетата. Во тој момент на неа, додека стоела на тротоар, налетал автобус и и ја откинал раката. Таа итно е пренесена на ВМА, а октинатата рака лекарите “ја ставиле на мраз“ и на сите начини се обидуваат да ја спасат, за да не остане без неа.

Во несреќата има и други потешко повредени . Како причина за несреќата се наведува излизгување на автобусите на замрзната вода од пукната цевка.