– Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој беше приведен вчера при пристигнувањето на московскиот аеродром Шереметјево, е спроведен од транзитната зона на аеродромот до блиска полициска станица, објави неговиот соработник Иван Жданов на Твитер.
Навални беше приведен вчера на Шереметјево по пасошка контрола по првото враќање во Русија од Германија откако беше отруен минатото лето. Според очевидци, Навални бил приведен кога на полицијата и го покажал пасошот за време на контролата пред официјалното влегување во Русија, а на неговата сопруга Јулија, неговиот портпарол и адвокат им било дозволено да влезат во Русија.
Навални е притворен поради повеќе прекршувања на условната казна и ќе биде во притвор се додека судот не донесе одлука за неговиот случај, соопштија руските власти.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.