Навивачи на Партизан избркани од Молдавија – наводно сакале да ја срушат власта!

Група навивачи на Партизан, кои ноќта ја минаа на аеродромот во Кишињев, утринава ја напуштија Молдавија, чија полиција не им дозволила да влезат во државата поради сомневање дека се испратени да ја срушат легалната власт.

„Гробари“ во два часот по полноќ добиле и официјална забрана за влез и присуство на задутрешниот меч на Партизан против Шериф Тираспор во нокаут-фазата во Лигата на конференции.

Тие беа обвинети директно од претседателката на Молдавија, Маја Санду, дека се испратени од Русија за да направат државен преврат.

Пронајдете не на следниве мрежи: