Навивачите на францускиот гигант Пари Сен Жермен со посебна порака денеска го дочекаа Килијан Мбапе на неговиот прв меч после Светското првенство во Катар и загубеното финале од Аргентина во пенал-рулетот.
Мбапе од Катар се врати како најдобар стрелец со осум гола, од кои хет-трик во финалето, првпат по 1966 година на Мундијалите, па навивачите на ПСЖ решија уште повеќе да го охрабрат и да му ја вратат насмевката на извонредниот офанзивец.
„Килијан, иднината ти припаѓа на тебе! Најдобар стрелец си на Светското првенство и чист продукт на Париз. Ти си шампион!“, напишаа навивачите на ПСЖ на паролата за младата француска ѕвезда која штотуку наполни 24 години.