„Навика“ која е подеднакво штетна како пушењето 15 цигари дневно

Осаменоста го зголемува ризикот од предвремена смрт за 26%, покажала студијата на универзитетот „Brigham Young“, која е објавена во магазинот „Perspectives on Psychological Science“.
Социјалната изолација и недостатокот од социјални врски дополнително го зголемува тој ризик, поради што експертите сметаат дека осаменоста може да биде подеднакво штетна за човековото здравје, исто како штетноста од пушењето.
Истражувачите направиле разлика помеѓу луѓето кои се чувствуваат осамени, и оние кои навистина немаат никаков контакт со надворешниот свет. Студијата покажала дека во ризичните групи спааѓаат и оние кои се сами, но се чувствуваат посреќно, како и поединците кои имаат многу социјални контакти, но се чувствуваат осамено.


„Ако им кажеме на луѓето повеќе да се дружат со другите, тоа би можело да го реши проблемот на социјална изолација, но не и чувството на осаменост. Затоа, мора да прифатиме дека двете категории се подеднакво важни“, тврди лидерката на студијата, д-р Џулијана Холт-Ландстад.
Експертите тврдат дека развојот на технологијата влијае на фактот дека сè поголем број на луѓе во светот живеат во социјална изолација и што остваруваат сè помалку контакти лице во лице. Од друга страна, истражувањата покажале дека остварувањето на пријателски и љубовни врски го намалува стресот, го подобруваат имунитетот и му даваат поголема смисла на животот.
„Од клучна важност е да ги одржувате врските со блиските и драги луѓе, како и да имате побогат социјален живот“, советува д-р Холт-Ландстад.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.