Архитектот Ранчо Христов е добитник на наградата за животно
дело “Андреја Дамјанов” за 2021 година. Оваа награда ја доделува Асоцијацијата на
Aрхитекти на Македонија (ААМ), како признание за особени достигнувања и личен придонес
во развојот на архитектурата и градителството. Свеченоста за доделување на наградата ќе се
одржи утре, 21.12.2021 во 19:00 часот во салонот на Македонска академија на науките и
уметностите (МАНУ).
Со својата работа и дејност, како еден од основачите на архитектонското биро “Ателје Ајвар”
од Скопје, архитект Ранчо Христов уште од осамостојувањето на Р. Северна Македонија
придонесе за пресврт во архитектонската пракса. Тој е протагонист на промената од еден
систем на монопол на големи општествени бироа, од кои и самиот произлезе, кон новите
трендови на приватно претприемништво со нови, проектантски стандарди. Земајќи голема
уметничка слобода, неговата работа резултира со огромна продукција на проекти, изведени
градби и идејни конкурсни решенија, кои на младите генерации – архитекти им претставуваа
репер во работата.
За своето креативно творештво, Архитект Христов во сферата на архитектонската дејност е
добитник на повеќе награди и признанија: Признание на БИМАС за Административна зграда
“МАКЕДОНИЈАИНВЕСТ” во 1987, Награда на БИМАС за Хотел „Алфа-С“ во Чешка во 1993,
Награда на БИМАС за „Куќа која сонува“ во 1997, Специјално признание на БИМАС за
квалитетна и бројна презентација на проекти и реализации во 1997, Награда за најдобар
реализиран објект „ХРРМ 01“ на БИМАС во 2000, Награда и благодарница од Главниот
архитект на град Скопје за станбено-деловен објект на ул. „Огњан Прица“ во 2003, Награда
„Борис Чипан“ од Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Р.Македонија
2017, Награда „BIG SEE ARCHITECTURE AWARD“ за семејна куќа “Дрезденска” од Заводот BIG
од Словенија 2020.
Со чинот на добивање на наградата “Андреја Дамјанов” за 2021 година, архитект Ранчо
Христов станува член на Академијата на Архитекти на Македонија, која функционира во
рамките на ААМ.
Дополнително, во рамки на свеченоста, статуетка за наградата “Андреја Дамјанов” за 2020
година, ќе биде врачена на добитникот, архитект Ѓоко Радовановиќ.
Во оваа прилика, ги покануваме сите заинтересирани медиуми да присуствуваат на
свеченоста, која ќе се одржи на 21.12.2021 во 19:00 часот во салонот на Македонска
академија на науките и уметностите (МАНУ).
ААМ – Асоцијација на Архитекти на Македонија
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.