Над осум милиони Украинци ја напуштиле земјата бегајќи од војната

Околу 8,2 милиони жители на Украина заминале во странство како резултат на обемната војна што ја започна Русија, изјави шефот на парламентарната комисија Олена Шуљак, пренесува „Укринформ“ повикувајќи се на Украинското радио.

„8,2 милиони наши луѓе моментално се во странство, повеќе од 5 милиони се внатрешно раселени лица на територијата на Украина“, рече таа.
При планирањето на повоената обнова на Украина, неопходно е да се има предвид колку од овие милиони бегалци ќе се вратат во своите заедници, како да се вработат и да се обезбеди пристап до социјалната инфраструктура, рече таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.