Рафаел Надал го совлада Ернест Гулбис на турнирот во Индијан Велс со што се избори за четврт финален меч со Роџер Федерер.Надал по голема борба, во три сета 4:6, 6:4, 7:5 го совлада Гулбис, исто како и Шпанецот и Федерер водеше голема борба во осмина финалето, тој со 6:3, 6:7, 7.:5 го победи сонародникот Станислас Вавринка.Надал и Федерер ќе го одиграат 29-от меѓусебен дуел, интересно тие двајца никогаш досега не се сретнале во четврт финале на некој турнир, последен пат играа минатата година во полуфиналето на турнирот во Синсинати.Победникот од мечот помеѓу Надал и Федерер во полуфиналето за противник ќе го има подобриот од дуелот помеѓу Томаш Бердих и Кевин Андерсон.Останатите две четврт финални двојки ги формираа Новак Ѓоковиќ и Жо-Вилфред Цонга, односно Енди Мари и Хуан Мартин дел Потро.
МакфаксРафаел Надал го совлада Ернест Гулбис на турнирот во Индијан Велс со што се избори за четврт финален меч со Роџе