С.С.(48), со наводно стекнато звање „Доктор на стоматологија“ и диплома издадена од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Приштина, работела во нејзината стоматолошка ординација „Б.В. Дентал естетик“, а по поднесена кривична пријава, таа сега е задржана во притвор од 48 часа.
Таа е осомничена за надрилекарство во фармација, давање медицински услуги, како и за фалсификување на диплома од Медицинскиот факултет во Приштина, што очигледно и овозможило да работи во ординацијата.
С.С. ја изнесе својата одбрана во присуство на бранител, во која таа негирала дека дипломата е фалсификат, но не негирала дека давала стоматолошка медицинска помош, по што била приведена.
Инаку, последователните проверки открија дека дипломата на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Приштина била фалсификувана.