Наизменично постење – нутритивен тренд со стари корени

Постот е практика која вклучува потполно воздржување од јадење или избегнување на одредена храна за одреден временски период. Тоа се практикува со векови, првенствено за религиозни цели.
Во последниве години, наизменичното постење (Intermittent Fasting) стана сè попопуларно кај луѓето кои сакаат да изгубат телесната тежина или да го подобрат своето здравје.
Постојат различни методи на наизменично постење. Општо земено, тоа вклучува многу низок внес или никаков калориски внес 1 – 4 дена неделно, а регуларна консумација на храна во останатите денови. Поддржувачите тврдат дека овој стил на јадење е поодржлив од традиционалните диети.Ова се најпопуларните методи:
Метод 16/8: Овој метод вклучува прескокнување на појадокот и ограничување на вашето секојдневно јадење во период до 8 часа. Потоа се пости 16 часа.


Јади-Стоп-Јади: Ова вклучува пост од 24 часа, еднаш или двапати неделно, на пример, ако не јадете од вечерата еден ден до вечерта следниот ден.
Диета од 5:2: Со овој метод, консумирате само 500-600 калории за два последователни дена од неделата, но јадете нормално другите 5 дена.
Периодите на постот го забрзуваат расчистувањето на токсините што ги оставаат мртвите и оштетените клетки, процес познат како автофагија. Неуспехот на автофагијата да остане во чекор со акумулираните клеточни остатоци се верува од многу научници дека е една од главните причини за хроничните болести поврзани со стареењето.
Позитивните ефекти на овој тренд се утврдени во различни студии на животни и луѓе. Во 2007 година од Универзитетот во Калифорнија, Беркли, академиците заклучија дека наизменичното постење може да помогне во:
•Намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
•Намалување на ризикот од рак.
•Понизок ризик од дијабетес (барем кај животни, податоците за луѓето биле помалку јасни, веројатно затоа што пробните периоди во студиите не биле доволно долго за да покажат ефект).
•Подобрување на когнитивната функција.
•Заштита од некои ефекти на болести на Алцхајмеровата и Паркинсонова болест.Што да јадете во дозволените периоди?


Важно е калорискиот внес да биде дефиниран според индивидуалните потреби.  Да комбинираат совршен сооднос на протеини, јаглехидрати и масти кои треба да се внесат во организмот за да се постигне добра виталност.
Разновидноста на храната подразбира внесување интегрални жита, суперхрана, протеини од растително потекло и храна со ниска содржина на шеќери и масти, на витамини, минерали и биоактивни компоненти – сите основи за одржување на баланс, разновидност и редовност во секојдневната исхрана.
За разлика од порано, денес е лесно да се примене имајќи го в предвид големиот асортиман на производи кои не само што ќе не снабдат со неопходните нутритивни состојки туку и ќе уживаме во нивните вкусови и разновидност.
Придобивките од постот се неверојатни и воздржувањето од храната може да биде позитивно за нашата благосостојба и здравје, па организирајте го соодветното мени, исчистете го организмот и подгответе го за потоплите денови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.