Намален бројот цивилни жртви во Авганистан во 2012-та

Мисијата на Обединетите нации за пружање помош на Авганистан (UNAMA) објави дека во минатата 2012 година се намалил бројот на загинатите и ранетите авганистански цивили, во извештајот претставен во вторникот составен заеднички од страна UNAMA и на Високиот комесаријат за човекови права при светската организација

 Според документот, само во последните шест години во Авганистан загинале 14.728 цивили. Во 2012 година, UNAMA евидентирала 7.559 илјади смртни случаи и ранувања на на цивили, односно 2.754 луѓе се убиени а ранети се 4.805 цивили.
Во извештајот, исто така, се забележува значително намалување на бројот на терористичките напади извршени од бомбаши-самоубијци, намалување на бомбардирањата од страна на воздушните сили на меѓународната коалиција, како и други инциденти во кои страдаат цивилите во текот на судирите меѓу завојуваните страни во Авганистан.
Покрај тоа, во извештајот се наведува и дека во 2012 година, се зголемиле заканите за цивилното население, што се доведува во поврзаност со прегрупирањето на бунтовничките сили во северните и северо-источните провинции на Исламската Република.
Претставувајќи го извештајот, шефот на UNAMA, Јан Кубиш рече дека „цената што се плаќа од страна на цивили во овој конфликт сé уште е неприфатливa”. Според него, главна причина за цивилните жртви во Авганистан се импровизираните експлозивни направи кои на јавни места и крај патиштата ги поставуваат противниците на властите во Кабул. Според Кубиш, дури во 81 отсто од смртните случаи меѓу авганистанските цивили отпаѓа на дејствијата на бунтовниците.
Макфакс
Мисијата на Обединетите нации за пружање помош на Авганистан (UNAMA) објави дека во минатата 2012 година се намалил бр

Пронајдете не на следниве мрежи: