Наместо за култура Шилегов ги подели средствата на соработниците

Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво  на  други корисници и чинители преку кои се остварува локалниот интерес во културата за 2019 година.
Градоначалникот Шилегов не пропушти да ги награди и да им подели пари на  своите најблиски соработници и пријатели од светот на културата.
Неговиот Шеф на кабинет, Никола Наумоски, кој е истовремено и братучед на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, добил  180 илјади денари за неговото Здружение за активизам, теорија и уметност „Плоштад Слобода“ за проектот Град за сите: Модерна за деца. Се делат пари од кабинетот на градоначалникот за луѓе од кабинетот на градоначалникот.
Шилегов го награди и Мирко Попов, и неговата фирма ПМГ Рекордс ДООЕЛ со 150 илјади денари за организирање на фестивал. Мирко Попов којшто деноноќно користи говор на омраза и важи за голем поддржувач на владејачката партија.  Мирко и е познат на јавноста и по  изјавата дека доколку би имал власт би ги запалил сите цркви во Македонија.

Ниту Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка во Владата на СДСМ, не е заобиколен во делењето на пари од Град Скопје. Здружението на граѓани „КОНТРАПУНКТ“, каде тој е еден од основачите од Шилегов добило 100 илјади денари за КРИК, фестивал на критичка култура.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.