Нападнал старица, но брзо зажалил: Кога ќе дознаете кој го претепа, нема да верувате

Крадец упаднал во станот на 81-годишната Елизабет МекГреј, со надеж за лесен плен, но брзо на болен начин дознал дека донел погрешна одлука.
Лоренца Марухо (67), која тренираше боречки вештини 26 години и има црн појас во џиу-џитсу, и помогнала на старицата. Иако е висока само 150 сантиметри и тешка 45 килограми, Лоренца лесно го совладала провалникот.
Таа за Си-Би-Ес изјавила дека слушнала врескање на сосетката. Влегла зграпчила бејзбол палка и помогнала.
–Јас застанав меѓу нив двајца, скокнав врз него и почнав да го удирам. Стана и сакаше да ми ја искриви раката, но наместо тоа, јас ја икривив неговата. Почна да вика дека го повредувам, и му реков да не му е гајле што ќе му се случи затоа што немаше право да ја нападне старицата, рече Лоренца.
–Не очекував дека таа мала жена е толку храбра. И реков да внимава бидејќи може да нè убие, а таа ми одговори: Не вечерва, рече Елизабет.
Старицата по нападот била примена во болница, а следниот ден ја пуштиле.
Напаѓачот Доналд Роберт Прествуд (59) е уапсен под сомнение дека нападнал постара личност, а му била доделена кауција од 150 илјади долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.