Денеска во 04.40 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода В.Г.(40) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 03.20 часот на ул. „Мајка Тереза“ во Струмица физички го нападнал Т.Т.(66) од Струмица и му одзел пари.
Тој е задржан во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против В.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.