НАПАДНАТ КИНЕСКИ КОНВОЈ: Четворица загинати, тројца ранети, златото ИСЧЕЗНА

Четири лица, меѓу кои двајца кинески државјани и еден војник од Конго, загинаа, а три лица се тешко повредени во напад на кинески рударски конвој кој превезувал злато во североисточниот дел на Демократска Република Конго.

НАПАДНАТ КИНЕСКИ КОНВОЈ: Четворица загинати, тројца ранети, златото ИСЧЕЗНА

Претставникот на локалната власт Сем Калоњи рече дека напаѓачите украле „големо количество“ злато од конвојот, кој припаѓал на кинеска рударска компанија која работи во провинцијата Јужен Киву, пренесува АП.

Нападите на каменоломи и рударски задруги се вообичаени во областа, бидејќи повеќе од 120 вооружени групи се натпреваруваат за контрола на територијата и ресурсите во источно Конго.

Минатата година, работник од Конго на друга кинеска рударска компанија беше убиен во сличен напад од вооружени разбојници во Јужен Киву.

Многу кинески компании ископуваат злато и други минерали во Јужен Киву, една од источните провинции на Конго, која е разбиена од вооружени банди речиси три децении.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.