Нападната гранична патрола на Србија и Унгарија: Пукано е од автоматско оружје, се огласи и Орбан!

Утринава со автоматско оружје била нападната граничната контрола која заеднички ја спроведуваат Србија и Унгарија. Унгарскиот премиер Виктор Орбан се огласи на социјалната мрежа Х велејќи дека насилството меѓу мигрантите е во пораст.

Нападната гранична патрола на Србија и Унгарија: Пукано е од автоматско оружје, се огласи и Орбан!

Тој рече и дека е време е земјите да се соочат со вистината дека бриселскиот одговор за ова прашање пропаднал.

Насилството меѓу мигрантите е во пораст. Пред три ноќи беше нападната заедничката гранична патрола на Унгарија и Србија, пукаа од автоматско оружје. Со ова мигрантите го преминаа Рубикон. Време е да се соочиме со фактите: бриселскиот пакт за миграција пропадна, напиша Орбан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.