Нападнатиот контролор во М-НАВ приведен на граничен премин „Долно Блаце“!

Вработениот во М-НАВ кој беше нападнат во инцидентот кој пред три дена се случи кулата за контролата за летање бил приведен вчера на граничниот премин Долно Блаце на излез од Македонија.

Причина за приведувањето на 39 годишниот Б.П., како што дознава Канал 5, е поради тоа што тој немал дадено исказ во Обвинителството за физичкиот напад врз него. Информациите за приведувањето ги има и во билтенот на МВР.

Висока загаденост на воздухот во Македонија: Во Кичево девет пати над дозволеното
Загаденоста на воздухот вечерва во Македонија е на високо ниво, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина air.moepp.gov.mk Дозволени според закон …
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави денеска агенцијата на ОН …

-На 06.01.2024 во 20.10 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на излез од државата, бил лишен од слобода П.Б.(39) од Скопје. Имено, при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека за него има активна мерка „апси“, на барање на Одделението за потраги, за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ по чл.303 ст.2 од Кривичниот законик. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка, стои во билтенот на МВР.

По приведувњето тој дал исказ во полициска станица, бил пуштен дома и му била наложена мерка да биде во секој момент достапен за истражните органи. Во инцидентот во контролата за летање учествувале група од осум лица, меѓу кои и Беким Незири, кој неофицијално овозможил сите да упаднат во објектот. напаѓачи, а неофицијално ги предводел. 39 годишниот П.Б наводно е нападнат поради поддршката кон синдикалниот лидер Тасевски против нелегалните вработувања во МНАВ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.