Напаѓач бодел со нож случајни минувачи! Хорор во Париз: Едно лице загина, друго е повредено

Едно лице загина, а друго е повредено откако вооружен маж нападна минувачи во центарот на Париз, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин.

– Полицијата штотуку уапси напаѓач кој нападна минувачи во Париз, околу кејот Гренел. Париската противпожарна бригада пронашла едно мртво и едно повредено лице. Избегнувајте го просторот – напиша министерот на мрежата Х.

(Фото) ИДНИОТ СЕ СРЕТНА СО СЕГАШНИОТ; Бајден му вети „мирна транзиција“ на Трамп
Претседателот на САД Џо Бајден денеска му порача на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека со нетрпение очекува „мирна транзиција“ во јануари, додавајќи дека ќе се погрижи неговиот претходник и …
Орце Ѓорѓиевски со задоволство би прифатил да биде градоначалник на Скопје
Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, во своето гостување во емисијата ,,За или против” на телевизијата Алфа, запрашан за тоа дали ќе биде следен кандидат за градоначалник на …

Според информации на BFMTV, маж нападнал со нож случаен минувач на мостот Бир Хакеим околу 21:45 часот. Жртвата починала од кардиореспираторен застој. Тој е маж од германска националност и е роден на Филипините.

Напаѓачот нападнал уште најмалку двајца туристи со чекан а потоа бил уапсен. Полицијата употребила електричен пиштол за шок за да го онеспособи напаѓачот.

Според информациите на BFMTV, напаѓачот е Арманд Р., роден 1997 година, познат по радикален исламизам и психијатриски нарушувања. Има француско државјанство.

Националното обвинителство за антитероризам ја проценува ситуацијата во оваа фаза и сè уште не започнала истрага.

Пронајдете не на следниве мрежи: