Газда на бензинска пумпа во Атина изрешетан со 80 куршуми

Брутално убиство се случило на бензинска пумпа во Атина, кога непознати напаѓачи испукале повеќе од 80 куршуми од автоматско оружје во 44-годишниот сопствениок на пумпата.

Како што објавуваат грчки медиуми, човекот бил застрелан во својот автомобил и починал на самото место, додека неговиот автомобил бил изрешетан со куршуми.

Русија воведе привремени ограничувања за извозот на збогатен ураниум во САД
Русија, која е најголемиот светски снабдувач на збогатен ураниум, објави дека воведува привремени ограничувања на извозот на збогатен ураниум во САД, симболичен потег …
Косовски Србин уапсен поради ланскиот напад врз припадници на КФОР на протестите во северно Косово
Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека, по неколкумесечна истрага, во соработка со косовската полиција, денеска во регионот на Митровица уапсило лице кое се …

Според неофицијални информации, напаѓачите користеле црн џип, а на местото на злосторството биле пронајдени 81 чаура.

Жртвата веќе им била позната на властите, бидејќи била цел на оружен напад во 2018 година во близина на пристаништето Пиреј.

Полицијата го пронашла џипот на една авенија во Атина, откако напаѓачите го запалиле за да ги прикријат трагите.

Во моментов се собираат снимки од безбедносните камери кои можат да дадат информации за сторителите, додека еден таксистот, кој бил на пумпата во моментот на убиството, е сослушан како сведок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.