Напаѓачот од Прага бил инспириран од слично злосторство во руско училиште

Дејвид Козак (24), кој во четвртокот уби најмалку 14 лица на Карловиот универзитет во Прага, наводно бил инспириран од пукањето во училиште во Русија во кое 14-годишното девојче А.А. уби еден и рани петмина учерници, по што се самоуби, пренесува Тајмс.

Британскиот весник дошол до заклучок за  неговата инспирација врз основа на објавите на Козак на мрежата Телеграм, каде тој наводно вели дека „Алина Афанаскина премногу му помогнала“.

Денеска се празнуваат Светите маченици Тирс, Левкиј и Калиник
Светите Тирс и Левкиј беа чесни граѓани на Кесарија Витиниска, првиот беше крстен, а вториот огласен христијанин. А Калиник беше идолски жрец. Кога наследникот на царот Декиј, Кумврикиј, почна беспоштедно да …
Објавена листа на најпребарувани прашања за секс на Google во 2024 година: Дали го знаете одговорот на првото?
Модерните термини поврзани со сексот понекогаш знаат да бидат збунувачки. Затоа многумина од нас се обраќаат до Google за одговори. Неколку прашања ја одбележаа 2024 година.Имено, Google изјави дека прашањето „Што …

„Отсекогаш сакав да убивам, мислев дека во иднина ќе станам манијак. Сфатив дека е многу поисплатливо да се прават масовни убиства отколку сериски. Седнав. Чекав. Сонував. Сакав … но Алина стана последната точка. Како да ми дојде на помош од небото токму на време“, наводно напишал на таа социјална мрежа.

Поради вчерашниот масакр, кој се смета за најголем во историјата на Чешка, во сабота е прогласен ден на жалост.

Во исто време, полицијата се уште ја истражува поврзаноста на напаѓачот со други убиства.

Соседите го опишале напаѓачот како „интровертен лудник“ кој бил фасциниран од оружје и се смета дека го убил својот татко пред масовните убиства на универзитетот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.