Ова се смета за единствено такво големо преминување нелегални мигранти на мексиканско-американската граница во западниот дел на Тексас.
Групата од 800 до 1.000 лица која пристигнала само во неделата, е една од неколкуте кои ги преполниле објектите покрај границата, во регионот што се соочува со илјадници нови имигранти од Јужна Америка, јави Њујорк тајмс.
Според властите луѓето доброволно се предаваат на граничната полиција со цел да побараат азил.
Според весникот, во изминатиите месеци само во Ел Пасо биле регистрирани 53.000 задржување на мигранти од страна на службите. А на целата јужна граница на САД федералните служби во изминатите 12 месеци регистрирале 2.4 милиони преминувања.
Министерот за внатрешна безбедност на САД, Алејандро Мајоркас вчера се очекуваше да дојде во Ел Пaсо за инспекација на состојбата со нелегалните преминувања и како властите се справуваат со оваа ситуација.
Сликите од огромниот број имигранти преминувајќи плитки места на Рио Гранде кај Ел Пасо се слични на неодамнешните сцени кога повеќе од 9.000 мигранти, најмногу од Хаити, се собраа во привремен камп под мост крај рекета.
Идната недела истекува пандемиска забрана за прием на азиланти и граничните служби се спремаат за можниот прилив на уште повеќе мигранти. Врз основа на судски налог, претседателот Џо Бајден дозвили властите на САД да извршат итно протерување на имигранти, поради опасност од ширење на коронавирусот.
Но САД сега ќе имаат ограничени можности за протерување на луѓето од Никарагва поради дипломатски причини. Мексико нема да ги прифати назад и за нив нема да има репатријација со авионски транспорт. Затоа, многумина од нив ќе бидат ослободени привремено, со бразлети за следење, и на крај, можат да се најдат во имиграциски суд за депортација, процедура што трае со недели.