Пролетта е посебно време од годината кога сè цвета, се развива и кога чувствувате наплив на позитивна енергија во воздухот. Преминот од зима во пролет е важен период за вашата енергија бидејќи отфрлате сè што ви создава немир во вашите срца и сте подготвени за промени.
Направете ги овие 2 работи во почетокот на пролетта и гледајте што ќе се случи со вашите чакри
Знаете дека пролетта е совршено време во годината за чистење, за фрлање на старите работи што ви ја крадат енергијата и за реорганизирање на вашиот дом. Но, дали знаевте дека пролетта може да ги отвори и вашите чакри?
Пролетта носи совршена можност да ги отворите чакрите и да обезбедите правилен и добар проток на животната енергија. Овие 2 работи треба да ги направите за да ги активирате вашите чакри така што тие ќе бидат во рамнотежа уште од почетокот на пролетта.
1. Создајте силна врска со Земјата
Ако уживате во одгледувањето растенија и имате своја градина, тогаш сте благословени затоа што воспоставувањето врска со Земјата има корисен ефект врз сите чакри. Пролетта е време кога се засадуваат нови растенија, а нивниот развој и поврзаноста со нив ќе овозможат вашата енергија да се движи слободно.
Треба да ѝ бидете благодарни на Земјата за вкусните и здрави плодови што ви ги дава и ако тие се производ на вашиот труд, тоа ќе ви донесе вистинско уживање и позитивна енергија.
Доколку немате услови да создадете градина или едноставно не ви се допаѓа градинарството, тогаш можете да го засадите омиленото растение во саксија или да направите своја мала зен-градина.
Покрај тоа, има уште многу начини како да воспоставите убава и силна врска со Земјата. Важно е редовно да одите во природа и да гледате како се развива таа и како тече енергијата во неа, со што ќе го подобрите здравјето на вашите чакри.
2. Донирајте искрено и од срце
Дали имате вишок работи? Ако вашиот одговор е потврден, тогаш до почетокот на пролетта задолжително ослободете се од тој вишок.
Започнете да ја средувате вашата гардероба и да се ослободувате од работите што веќе не ви требаат или кои веќе не функционираат. Направете селекција на целата облека, на чевлите, на книгите, на играчките, на кујнскиот прибор и она што е зачувано можете да го подарите некому кому навистина му е потребно, а кујнските апарати што не функционираат може да ги рециклирате.
Ако донирате од срце, тоа ќе ви се врати во форма на добра карма бидејќи несебичната услуга носи добра енергија.
На овој начин, чакрите уште повеќе се отвораат и животната енергија тече непречено.