Направете го денес, користете го 7 дена по ред: НЕВЕРОЈАТНО ТЕСТО кое на сите им успева

Можете да го чувате во фрижидер, во кеса и да го користите кога ви треба.
Ви треба:
килограм брашно
1 прашок за пециво
1 лажица сол
1 dl масло
4 dl јогурт
2,5 дл млеко
1 свежа коцка квасец
2 лажици шеќер
2 јајца


Подготовка:
Како и при подготовката на другите теста, ставете топло млеко во кое ќе додадете малку шеќер, квасец, 2 лажици брашно. Малку измешајте да се растопи шеќерот за побрзо да нарасне квасецот. Пожелно е да се одржува топла соба за побрзо да се постигне саканата реакција.
Во друг сад измешајте ги останатите состојки. Кога квасецот ќе нарасне доволно, истурете го во средината на брашното. Замесете тесто да биде мазно. Ако ви се лепи за раце додадете уште малку брашно.
Најдете една кеса и ставете го тестото во неа. Можете малку да го набрашните да не се залепи. Важно е да го истиснете целиот воздух од кесата, а потоа тестото да го ставите во фрижидер каде што можете да го чувате до 7 дена.
Тестото пред мешање треба да се остави на топло место најмалку еден час, а колку подолго толку подобро. Од овој тест можете да направите подлога за пица, слатки и солени кифлички, лепчиња, мини пици, но и се друго што ќе ви падне на памет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.