Избегнете ги убодите од комарци и постојаното чешање во домот. Ви требаат само три основни состојки кои веќе сигурно ги имате, неколку минутки време и проблемот со комарците е решен.
Временските услови во минатиот период создадоа плодно тло за масовна појава на комарците. Ситуацијата станува сериозна во оној момент кога човекот се чувствува како да има сопствен комарец кој послојано го следи, но за среќа постојат разни средства за одбивање на комарците како и разни рецепти за изработка на домашен спреј против комарци.
Ви го претставуваме домашниот рецепт за спреј против комарци за кој потребни ви се само три состојки и кои веројатно ги имате во вашиот дом.
Потребни ви се:
– масло за јадење ;
– 9-постотна киселина;
– шампон.
Измешајте ги сите состојки во иста мера додека не добиете бела пена. Ставете ја мешавината во шишенце со прскалка и слободно испрскајте се.
Оваа мешавина делува затоа што киселината ги одбива комарците, шампонот го покрива непријатниот мирис од киселината, а маслото е база на секоја крема и спреј за тело.
Доколку сакате да испробате некои други природни начини со кои ќе се ослободите од комарците, пробајте со следното:
– Масло од ним
Поради лековитите својства, нимот е познат низ светот, а во Индија се смета за свето дрво. Супстанциите кои маслото од ним ги содржи ќе ги избрка комарците, а бидејќи ова е природен производ сигурно може да се употребува. Ставете од ова етерично масло во светилките.
– Засадете невен или лаванда
Доколку одлучите вашата градина да ја украсите со цветови од невен или лаванда тогаш ќе добиете и одлична заштита од комарците. Невенот и лавандата испуштаат мириси кои ги одбиваат комарците, но и другите летечки штетници, а кремот од невен помага да ја смири кожата по убодот од инсектите.
– Банана
Одлична е за вашата кожа, а на комарците им е неверојатно одбивна. Покрај тоа што ќе ве држи сити подолго време, може да ја искористите лушпата од банана со која може да ја намачкате кожата и да ги избркате комарците.
– Масло од чајно дрво
Ќе ги избрка комарците и ќе ги смири местата на кои имате убоди од комарци. Треба да измешате 60 милилитри масло од чајно дрво и 140 милилитри вода. Мешавината ставете ја во шише со прскалка, добро промешајте и испрскајте го вашето тело.
– Ароматични светилки
Во просторот во кој престојувате може да користите ароматични светилки кои со својот мирис ќе ги бркаат комарците. Маслото или стапчињата кои ги користите треба да бидат со мирис на цимет, рузмарин, лимонска трева, лаванда.