Ваков десерт сигурно не сте пробале досега. Направете го уште утре.
Потребни состојки:
180 г путер, омекнат на собна температура
180 г шеќер
3 јајца, матени
125 г саморастечко брашно
100 г мелени бадеми
1/2 лажичка прашок за пециво
100 мл млеко
4 лажици какао
200 г млечно чоколадо (исецкано)
200 г бело чоколадо (исецкано)
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 150 степени.
Ставете ги путерот и шеќерот во сад и мешајте со миксер сè додека не добиете лесна и воздушеста структура.
Додадете ги јајцата, брашното, бадемите, прашокот за пециво, какаото и млекото. Продолжете со мешањето. Треба да добиете убава смеса.
Потоа, исецкајте ги чоколадите и додадете ги во неа. Промешајте. Намачкајте долгнавесто тавче со зејтин и сипете ја смесата внатре.
Ставете го тавчето во центарот на рерната и оставете да се пече околу 45 минути. Доколку сакате внатрешноста да биде поцврста, оставете да се пече уште 5 до 10 минути повеќе.
Кога ќе биде готов чоколадниот леб, оставете го да се излади, па исечете го на парчиња.
Послужете додека е сè уште топол и свеж. Како прилог можете да употребите шолја чај и вкусни свежи малини.
ДОБАР АПЕТИТ!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.