Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека МВР има нови информации околу киднапирањето на Самоил, по кој се трага веќе 20 дена. Запрашан до каде е истрагата, тој денеска изјави дека има нови информации но не можат да се соопштат јавно за да не наштетат на истрагата.
Самоил Костадиновски исчезна на 4-ти март. Последен пат е виден во близина на Чешката амбасада. Обвинителството води постапка против двајца за кривично дело грабнување на кои им е определена мерка притвор.Сивиот опел во кој киднаперите го возеле момчето, е запален и целосно изгорен.
Во врска со тунелот во КПУ Идризово, низ кој затворениците планирале бегство, Спасовски рече дека истрагата ќе биде опсежна, а дека ќе се проверува и вмешаност на затворската полиција.
– Тоа ќе биде еден опсежен случај во којшто секако треба да се докаже и учестовото на вработените во затворските институции, изјави Спасовски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.