Сé поголем е бројот млади луѓе кои пушат наргиле, но стручњаците предупредуваат дека не е помалку штетно од цигарите.
Студијата на Универзитетот во Сан Франциско откриваат дека пушењето наргиле го изложува организмот на различни штетни материи.
„Луѓето сакаа да знаат дали ќе биде помалку штетно ако пушењето цигари го заменат со пушење наргиле на дневна основа. Ние откривме дека тоа не е сигурна алтернатива на цигарите, нити придонесува кон намалување на штетните материи”, вели хемичарот Пејтон Џејкоб, пишува Daily Mail.
Со мерење на ниво на токсини во крвта, здивот и во урината, научниците откриле дека со пушење наргиле организмот се изложува на големи количества карбон моноксид (посебно опасен за луѓе со срцеви заболувања или проблеми со белите дробови), како и на бензен, материја поврзана со леукемијата.
Сé поголем е бројот на барови и кафулиња кои во својата понуда имаат и наргиле, а бројот млади кои го пушат е сé поголем од година во година.
Иако пушењето наргиле е вообичаено за земјите од Средниот исток, ова стана многу попопуларно и во западните земји.
Минатата година, Светската здравствена организација предупреди дека едночасовно пушење наргиле е штетно како испушени сто цигари.
Пушачот на цигари вовлекува 8 до 12 пати, со што вдишува 0,5 до 0,6 литри чад. За време на едночасовно пушење наргиле, пушачите вовлекуваат 200 пати чад, а секој од нив повлекува 0,15 до еден литар чад.
Пушењето наргиле двојно го зголемува количеството на бензен во урината, во однос на цигарите. Изложувањето на бензен го зголемува ризикот од леукемија. Исто така, двапати е поголемо количеството на карбон моноксид во здивот на пушачите на наргиле, отколку кај оние кои пушат цигари.
Единствена предност на наргилето е што многу потешко предизвикува зависност отколку цигарите.
Сé поголем е бројот млади луѓе кои пушат наргиле, но стручњаците предупредуваат дека не