СЛУЧАЈНОСТ? НАСА за празниците објави вистинска фотографија од вселената

Новата слика на NGC 2264 од опсерваторијата на НАСА со Х-зраци Чандра открива космичко дрво формирано од голем број ѕвезди.

Овој кластер на ѕвезди, со различна возраст и големина, се наоѓа на околу 2.500 светлосни години од Земјата.

На мајка ѝ се заканува затвор, зашто го пуштила 10 годишниот син сам да се прошета
Британи Патерсон ја раскажала својата приказна за американските медиуми и рече дека моментално се бори против обвинението за несовесно однесување, поради што може да биде осудена на затворска казна до …
Македонците живеат 10 години помалку од Швеѓаните, Австралијците, Швајцарците…! Прашањето е зошто!?
Табела од која се гледа дека Американците најкратко живеат во споредба со граѓаните од другите развиени земји, а најмногу трошат на здравствена заштита во споредба со другите. Во САД се …

Дури се вели дека големината на некои од нив оди до седум соларни големини.

Обликот на ова космичко дрво дава илузија на новогодишна елка, а ѕвездите сјаат како украсни светилки.

За да се нагласи сличноста со дрвото, оптичките податоци од телескопот го покажуваат и зелениот гас и маглината во црвено.

Младите ѕвезди како оние во NGC 2264 се нестабилни и се подложени на силни блесоци на рендген и други видови на варијации забележани во светлината, известува НАСА.

Варијациите прикажани на оваа слика, колку и да се вештачки, ја нагласија локацијата на ѕвездите и сличноста на сликата со дрво.

Во реалноста, варијациите на ѕвездите не се синхронизираат.

Промените забележани од Чандра и другите телескопи се предизвикани од неколку различни процеси, вклучително и активности од магнетното поле.

Со програмата Чандра управува Центарот за вселенски летови Маршал на НАСА.

Во меѓувреме, центарот за опсерваторија за рендген ги контролира научните операции од Кембриџ, Масачусетс, и операциите на летот од Бурлингтон, Масачусетс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.