Кјуриосити Роверот на НАСА пронајде органска материја на Марс. Станува збор за откритие кое би можело да докаже дека на Марс веќе постоел живот. Молекулите навестуваат интригантна можност дека Марс е далеку пожив од она што досега го мислевме.
Иако откритието не расветлува дали Марс некогаш бил дом на вонземјани, ова откритие може да биде доказ за некој древен живот.
Две истражувања откриваат нови детали за тоа дека метанот постои на Црвената планета, што би можело да ни помогне да ја сфатиме богатата геологија на нашиот „голем“ сосед.
Еден тим направи значаен напредок во нашите обиди да ја сфатиме древната органска материја на Марс. Таа би можела да ни помогне да сфатиме дали светот некогаш бил населен, како и што му се случило во милијардите години после тоа.
Научниците одамна се збунети поради откривањето на значајни количини на метан на Марс. На Земјата поголемиот дел од метанот се произведува од биолошки извори, што дава надеж дека живот на Марс имало.
Новите податоци откриваат дека метанот се наоѓа под површината на планетата. Сезонските промени доведуваат до метанот да излегува на површината.
Втората објавена студија покажува дека органски молекули се пронајдени на древната карпа на Марс.
Ровер Кјуриосити зема нови примероци и ги загреа така што можат да ги анализираат молекулите кои се пуштени.
Податоците покажуваат дека постои одредена материја која е слична на материите од органски богатите карпи на Земјата.