Полицијата вложи големи маки да се справи со хулиганите, а нема сомнеж дека многу од нив ќе бидат најстрого казнети за стореното.
Неодамна, по поразот од Триколорите во полуфиналето на Светското првенство, тие се степаа со Французите во градот Монпеље на еден од градските плоштади, каде – исто како и во синоќешниот конфликт – беа употребени голем број пиротехнички средства.
Франција го победи Мароко со 2:0 и се пласираше во финалето на Светското првенство, а потоа Мароко загуби од Хрватска со резултат 2:1 во мечот за третото место.
Сепак, Мароканците генерално одиграа одличен турнир, станаа првата африканска селекција која стигна до полуфинале на Светското првенство, но без разлика, некои од нивните навивачи ја претставија оваа земја на негативен начин.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.