Наскоро ќе нема пиво и чоколадо!

Стотици милиони љубители на пиво ширум светот би можеле за само неколку децении да останат без својот омилен пијалак. Посевите на растенијата од кои се произведува пивото исчезнуваат поради глобалното затоплување.
По минатонеделниот извештај на ОН, дополнителни истражувања покажале дека постојат потенцијални проблеми поврзани со климатските услови во неколку земји, кои се клучни за производството на пиво – Белгија, Чешка и Ирска, пишува списанието „Нејчер планет“.


Во студијата, која ја предводел Ви Си, научник од Универзитетот во Пекинг, се нагласуваат најмалку пет модели кои покажуваат дека екстремни временски услови, кои вклучуваат топлотни бранови и суша, би можеле да го намалат родот на јачмен од три до 17 отсто, а тоа неизбежно би влијаело врз љубителите на пивото ширум светот.
Истражувачите пресметале дека потрошувачката на пиво би можела да се намали за една третина во Ирска, Белгија и Чешка, за една четвртина во Велика Британија и за девет отсто во Кина, најголемиот светски потрошувач.
Пивото е најпопуларниот алкохолен пијалак на светот, а намалувањето на производството ќе влијае врз цената. Зголемувањето на цените би можело да варира од четири до 20 долари за пакување од шест лименки.
Еден од членовите на истражувачкиот тим Дабо Гуан истакна дека пивските житарици не се единствените клутури кои ќе бидат погодени од климатските промени. Според него, земјоделците ќе се соочат со покомпликуван избор, а тоа е да одгледуваат луксузни култури или да хранат добиток. Таа дилема ќе доведе и до недостиг на чоколадо, кафе и чај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.