НАТО денеска ги осуди масовните руски напади врз електричната мрежа на Украина во текот на изминатата ноќ и потврди дека ќе продолжи да го поддржува Киев.
-НАТО силно го осудува рускиот напад од големи размери против Украина, кој уби и тероризира цивили и е насочен на критичната енергетска инфраструктура. Стоиме зад Украина, а сојузниците продолжуваат да даваат придонес без преседан за одбрана на Украина, соопшти претставник на Алијансата во Брисел, пренесува ДПА.