НАТО ќе ѝ помогне на Македонија да се справи со дојавите за бомби

Ова во Скопје го најави Џејмс Апатурај, заменик-помошникот генерален секретар на НАТО задолжен за новите безбедносни предизвици.

Апатурај вели дека справувањето со ваков напад, како лажните дојави за бомби, не е едноставна задача, но Македонија засега добро се справувала.

Тој најави дека во иднина Алијансата блиску ќе се соработува со властите во Скопје, како да се превенираат и менаџираат хибридните закани.

Пред неколку дена министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, соопшти дека во последно време довите за бомби најчесто доаѓаат од ирански и руски IP адреси, но дека има и домашни „актери“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.