Најновата студија покажала дека ако треба нешто да запамтите, тогаш нацртајте го и нема да имате проблем. Еве на кој начин функционира тоа.
Според најновите истражувања, цртањето има многу силен ефект на меморијата. Покрај тоа, добро е и да ги „преспиете“ работите, доколку имате намера да ги запамтите. Визуелизацијата на податоците останува подолго врежана во вашата меморија отколку кога ќе ги прочитате информациите, така што, не би било лошо кога нема да имате при рака лист и пенкало, барем да замислите некоја слика поврзана со податокот и на тој начин секогаш ќе ве асоцира на него.
За време на истражувањето се покажало дека повозрасната популација, со цртање може дури и да ја поправи својата моќ за памтење и дека во секој случај го одржува фокусот и концентрацијата на одредени предмети, подолго од просечната моќ за памтење кај луѓето во третата доба.
„Докажавме дека цртањето може да го сочува памтењето кај постарата популација, многу поефикасно од било кој друга техника, а тоа беше и една од целите на студијата“, вели истражувачот Мелис Мејд.
Со цртање може дури да се успори процесот на деменција и развој на Алцхајмерова болест.
Треба да се нагласи дека со цртање не треба да се занимаваат само луѓето кои се добри во тоа, туку сите оние кои сакаат на посигурен начин нешто да запамтат.
Истражувањето е спорведено на 48 лица, од кои половина имале околу 20 години, а другата половина биле во 80-те години од животот. Поставени им биле неколку вежби, од кои повеќето биле фокусирани на зборови. Тогаш кога зборовите ги доживеале како симболи и цртежи, ги памтеле беспрекорно.
„Цртањето може многу да допринесе за луѓето со различни здравствени проблеми, а не само со обичното памтење и тоа е задоволството кое оваа работа го донесе“, рекол Мејд.
Но, дури и кога станува збор само за обично натрупување на информации во главата, тогаш е подобро да цртате, бидејќи буквално се дуплира бројот на податоци кои можат да се запамтат. Ова може да се применува и во процесот на учење на некој обемен материјал.