Национален интерес за Бугарија е стабилен и безбеден сосед, вели Захариева

Во однос на Република Македонија од национален интерес за Бугарија е да имаме стабилен и безбеден сосед, а државата ќе биде таква, кога ќе стане членка на НАТО и ЕУ, изјави министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.
Како што пренесе БГНЕС бугарската шефица на дипломатијата уште додала дека „земјата нема да прави компромиси со условите, што треба да се почитуваат за да станеш дел од целиот преговарачки процес на ЕУ“.
– Еден од условите во претпристапниот процес е да имаш добрососедски односи, да не водиш изолациска и националистичка политика, да не ја крадеш историјата на соседите и да не го негираш заедничкото историско минато. Бугарија многу јасно ќе ги постави тие услови, додаде Захариева.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.