БРАВО: АРМ СПАСИ ЖИВОТ на петгодишно дете од урнатините во Кахраманмараш, Турција

Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш, во попладневните часови асистираше во успешно спроведена акција на спасување на петгодишно дете од рушевините.

„По сознанијата дека се слушнати гласови под рушевини, нашиот армиски тим заедно со турскиот тим за пребарување по шестчасовно расчистување на рушевините слушнале детски глас и по четири часовното максимално ангажирање успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман од рушевините“, информираат од Канцеларијата за односи со јавност на Генералштабот на Армијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: