Шефот на француската држава по денешните консултации и по долго молчење, во обраќањето до Французите прогласи „вонредна економска и социјална состојба“ посакувајќи „Франција на заслуги и работа“ и „Франција која може да живее достојно од нејзината работа“. Тој и се обрати на нацијата по кризата предизвикана од ,,Жолтите елеци” и откако денеска се сретна со синдикатите и првите луѓе на бизнис заедницата. Ова е прва јавна изјава во која Макрон се согласи да преземе итни чекори за да ги задоволи барањата на демонстрантите , кои ја разнишаа неговата влада.
Еве дел од интервентните мерки на Макрон:
– Зголемување на минималната месечна плата за 100 евра месечно од 2019 година, „без трошоци за работодавачите“
– За прекувремена работа нема да се се плаќаат даноци или давачки од 2019 година
– Сите работодавачи што можат, да им исплатат премија на крајот на годината за вработените, која же биде ослободена од данок.
– На пензионерите кои добиваат помалку од 2.000 евра месечно ќе им биде поништено зголемувањето на дополнителните социјални давачки, кое го поднесоа годинава.
Еве го и неговиот говор кој беше објавен на сите светски медиуми: