„Никогаш не се извинија за 27 април, наместо тоа најавуваат амнестија за оние кои влегуваа да убиваат пратеници. И не само тоа ги нарекуваат уставобранители. И најверојатно ние другите што бевме внатре во Собранието, бевме насилниците. Веројатно самите сме си го организирале тоа. Да се немало ни срам ни перде, да ги прогласуваш насилниците кои сакаа да спречат промена на власта и власта да биде во рацете на оние кои ја добиј адовербата на граѓаните, значи дек ане почитуваш базични демократски права. Тие луѓе не се извинија ни за 2012 година, кога ги исфрлија како партал и новинарите и медиумите кога се усвојуваше буџетот од кој најголем дел беше наменет за Скопје 2014. Избегаа во странство и никој не им може ништо во меѓувреме“, вели претседателскиот кандидат поддржан од коалицијата на СДСМ
Таче направи одличен рекапитулар на тоа каде бевме заедно, до кај дојдовме заедно. Накусо ќе се осврнам на неколку клучни работи кои ги направиме заедно со вас, а кои не беа направени 33 години во оваа држава. Ова вечерва од скопски Аеродром го рече претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, поддржан од колицијата на СДСМ, посочувајќи дека најголемата работа која ја направиле пред четири години е кога станавме членка на НАТО. А втората, како што рече претседателскиот кандидат е отворањето на преговорите за членство во Европската Унија.
„Ниту една политичка гарнитура немаше храброст, да направи компромис и да ја внесе државата во најмочниот политички сојуз на свестот, кој гарантира дека вашиот територијален интегритет, и суверенитет никој не смее да го чепка. Затоа што таму се освен нас 31 држава, најмоќните армии, најголемите економии, и најголемите демократии. Таму постои член во базичниот договор на алијансата – нападот на еден се смета како напад на сите. Можете ли да замислите малата Македонија со 1.8 милиони луѓе, на иста маса и исти обврски и одговорности како Америка, Канада, Франција, Британија итн. да имаат заеднички механизми со кои се соочуваат со кризите“,
рече тој.
Според него, чинот на влезот во НАТО е еднаков на чинот на прогласување на независноста на Македонија од 1991 година.
„Втората работа која ја направивме по 17 години чекање во чекалната на ЕУ, затоа што и таму направивме компромис, кој не ги загрози македонските национални интереси, тоа е отворање на безмалку две децении на членството во ЕУ“,
вели Пендаровски.
Според него, тоа што се случило вчера со апсењето на новинарот е само потсетување на мрачното минато.
„Никогаш не се извинија за 27 април, наместо тоа најавуваат амнестија за оние кои влегуваа да убиваат пратеници. И не само тоа ги нарекуваат уставобранители. И најверојатно ние другите што бевме внатре во Собранието, бевме насилниците. Веројатно самите сме си го организирале тоа. Да се немало ни срам ни перде, да ги прогласуваш насилниците кои сакаа да спречат промена на власта и власта да биде во рацете на оние кои ја добиј адовербата на граѓаните, значи дек ане почитуваш базични демократски права. Тие луѓе не се извинија ни за 2012 година, кога ги исфрлија како партал и новинарите и медиумите кога се усвојуваше буџетот од кој најголем дел беше наменет за Скопје 2014. Избегаа во странство и никој не им може ништо во меѓувреме“,
рече тој.
Пендаровски праша дали можеле некаде да бидат подобри и дали имале грешки, на што веднаш одговори потврдно, како и дека тој прв имал грешки.
„Нашата најголема грешка или потфрлање е што застанавме на половина пат на имплементација на клучната парола на единствената граѓанска револуција која што сме ја имале во државата, како Шарената револуција и слоганот Нема правда,нема мир. И во тој дел се разликуваме од режимот. Актуелни функционери кои беа со нас во 2016 година се соочија со лицето на правдата. Меѓутоа не отидовме до крај во тоа. Зошто? По мое длабоко убедување, некои судии и обвинители беа под директно влијание на центрите на политичка моќ, и немаа намера да ги процесираат очигледните криминали и пљачки на народот. Затоа мораме да дадеме ветување, прва задача треба да биде длабок ветинг на сите судии, но и на политичарите“,
рече Пендаровски.
Сега, благодарение на синергијата меѓу надворешните непријатели и внатрешните непријатели, според него, ние сме само блокирани, што, како што вели, значи самоизолација на долг рок.
„Во моите пет години тоа што го ветив мислам дека до последно го реализирав. Сите овие пет години се обидував да му дадам еднакво внимание на секој граѓанин. Сите за мене граѓани се еднакви. И така имам намера да продолжам“,
рече тој.
Пендаровски повика на масовна мобилизација на 24 април, за да можеме, како што рече, на 8 мај да славиме двојна победа.
„Според мене, на 24 овој месец и првиот круг ќе биде клучен да ја завериме победата на 8 мај. Затоа што тогаш ќе се оцрта мобилизацијата, силата, потенцијалот на оваа група луѓе, на оние граѓани на Мкаедонија кои сакаат државата да биде европска и демократска. Затоа, ќе ве замолам за масовна мобилизација на првиот изборен круг на 24 април со заокружување на бројот 1, за да можеме на 8 мај да славиме двојна победа“,
рече Пендаровски од скопската населба Аеродром.
Според него, грда слика е кога, во една држава која мора да биде демократска, држава која преговара со ЕУ, држава членка на НАТО, 30 години независна држава, кога акко што рече, гледате специјалци кои се нафрлаат врз новинар додека си ја врши својата работа.
„Сто пати да била провокацијата од таму, незнам каква, има начин на приведување, и ако ги почитуваат процедурите, такви сцени не треба да гледаме. Такви сцени има само во Русија на Путин и Белорусија на Лукашенко,“
рече тој.
На прашање упатено од публиката за наводно негово апсење од страна на Мицкоски, Пендаровски посочи дека тоа е доказ дека од него извира Никола Груевски.